ФИА ја скрати главната ДРС зона во Баку

Главната ДРС зона на градската патека низ улиците на Баку е скратена пред трката за Големата награда на Азербејџан во Формула 1 овој викенд.

Од 2022 година има две ДРС зони на патеката која ќе биде домаќин на првата спринт трка во сезоната, како и на инаугуративната квалификациска сесија за спринт. Првата ДРС зона не е променета, со точката за детенција на втората линијата за безбедносно возило пред свиокот 2, а точката за активирање е 54 метри по левиот агол.

Другата зона на ДРС е скратена за 100 метри, а точката за активирање сега е 447 метри по свиокот 20, долж завршниот сектор со полн гас. Точката за детекција останува непроменета, на врвот на свиокот 20.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ