Турција и Херез во конкуренција за трка оваа година

Можно е Формула 1 да се врати во Турција или на шпански Херез во Ноември како крај на оваа сезона. 

Со се поголемите изгледи за целосно откажување на трката во Виетнам, Формука 1 додава се повеќе европски трки на календарот и ќе заврши на Блискиот исток. До сега се потврдени 13 трки се до Имола на 1 Ноември. 

Формула 1 организаторите се надеваат дека ќе одржат азиски трки во Ноември пред последните трки во Бахреин и Абу Даби. Тоа значи дека Турското Гранд При може да се најде на календарот за прв пат од 2011 година на крајот на Ноември. 

Истанбул Парк е управуван од Интерсити груп и веќе имаа разговори со Формула 1 и владата на Турција за враќање на календарот во 2017 година, но сега повторно се актуелизира тоа прашање. 

Покрај ова Формула 1 разговара и со управувачот на Херез за да се зголеми календарот. Шпански Херез последен пат имаше трка во 1997 година кога беше крај на сезоната, а последен пат беше користена од страна на Формула 1 на предсезонскиот тест во 2015 година.

Доколку Истанбул и Херез се најдат на календарот тогаш оваа сезона ќе брои 17 трки. Целта на Формула 1 менаџментот е да имаат од 15 до 18 трки оваа сезона која започна со задоцнување во првиот викенд на Јули. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ