Унгарија: Победа на Макс по старт од 10то место

Макс Верстапен победи на Унгарското Гранд При откако стартуваше од 10то место и по глупоста со стратегијата која Ферари не престанува да ја повторува.

Во пресрет на стартот, Расел имаше наместено софт гуми, исто како и Ландо Норис на 4то место, но и како тандемот на Ред Бул. Останатите од топ 10 беа на жолто маркираните медиум гуми.

На стартот, Саинз жестоко го нападна Расел пред себе, но младиот британец агресивно затори и си ја одбрани позицијата. Хамилтон ги мина двата болиди на Алпин иако тоа го чинеше прешироко минување на првиот свиок затоа шт осакаше да го мине и Норис за 4то место. Верстапен имаше многу претпазлив старт, така што по првиот круг Перез беше пред него.

На крајот од првиот круг, Фетел имаше контакт со Алекс Албон од Вилијамс, по што остатоци од синиот болид останаа на патеката и се појави виртуелното безбедносно возило. Истото се задржа на патеката до следниот круг.

Во 5от круг, Алонсо одбра прешироко да мине на една кривина, што Верстапен многу мудро го искористи и го претекна за 7мо место откако претходно беше пропуштен од својот колега, Серхио Перез, кој се пожали на чуден звук од моторот. Два круга подоцна, Макс го ина и Естебан Окон откако притисна на сопирачките многу подоцна од французинот на стартниот правец. Некоку стотина метри подоцна, Перез го мина Алонсо за 8мо место. Во 9от круг, Чеко го мина Окон, така што болидите на лидерите во конструкторскиот поредок дојдоа на 6то и 7мо место, Макс пред Серхио.

Во 12от круг, Макс продолжи со напредок претекнувајќи го Ландо Норис за 5то место, така што на секунда пред себе го имаше ланскиот лут ривал, Луис Хамилтон. Следниот круг тоа го направи и Серхио Перез.

Првата промена на гуми се случи во 15от круг кога Ландо Норис влезе и своите стартни софт ги замени со медиум, жолто маркираните, го загуби своето 7мо место и се врати дури на 16то.

Круг подоцна по нови гуми влезе лидерот Џорџ Расел и исто како и Норис ги замени стартните софт со свежи медиум. Првопласираниот на трката се врати на 6то место. Неговиот пример го следеше и Макс Верстапен кој се врати на 8та позиција со новите медиум.

Следниот круг по нови гуми влезе и Карлос Саинз, а тој стартните медиум ги замени повторно со свеж сет медиум и се врати зад Џорџ Расел откако британецот од Мерцедес на стартниот правец го мина Естебан Окон. Расел промени гуми за околу 4 секунди, но и Скудерија не беа добри и поради тоа излегоа зад Џорџ со Саинз.

Во 19от круг Чеко Перез своите софт ги замени за медиум додека беше 3ти и се врати на патеката на 10то место, губејќи доста позиции. Следниот 20ти круг да ромени гуми дојде редот на седумкратниот првак Луис Хамилтон кој повторно доби медиум, но свеж сет.

Истиот 20ти круг, Верстапен го претекна Алонсо за 5то место,а Перез се мачеше со Ботас од Алфа Ромео и со Мик Шумахер од Хаас. Следниот круг Макс го мина и Естебан Окон и дојде на 5 секунди од Карлос Саинз.

На крајот на 21от круг по свежи медиум во бокс влезе и Шарл Леклер, но кај него проената беше направена за фантастични 2,9 декунди што му донесе една позиција. Пред да влезе во боксот, Леклер беше зад Саинз, а излезе од бокс пред него.

Следниот 22ри круг по нови гуми влезе Алонсо, но тој се врати на хард, а два круга подоцна тоа се одработе и кај Окон. Следуваше борба за позиција помешшу возачите на Алпин откако Окон излезе буквално зад Нандо, а во таа нивн борба заборавија дека Даниел Рикардо од најголемите конкуренти, Мекларен, е зад нив. Австралијанецот ги мина и ги стави Мекларен во одлична позиција.

Откако неколку кругови се доближуваше и влегуваше во ДРС зонаа на Џорџ Расел, Шарл Леклер силно напаѓаше и конечно на почетокот на 31от круг успеа да го мине и да ја поведе трката.

Во 39от круг, своите истрошени медиум за сет нови ги замени Макс Верстапен и тоа го чниеше 2,4 секунди во место. Холанѓанецот влезе во гаража како четвртопласиран, а излезе на патеката на 6то место. Следниот круг гуми промени и Шарл Леклер кој стави хард компонента, заедно менуваше со Џорџ Расел кој продолжи на нов сет медиум. Саинз остана да ја води трката пред Луис Хамилтон, а потоа беше Шaрл Леклер пред двата болиди на Ред Бул и Џорџ Расел.

Со најтврдата компонента на болидот, Леклер во 41от круг беа лесна мета за Макс Верстапен кој го мина Леклер и дојде на 3то место. Но, Макс направи грешка истиот круг и беше минат од Шарл. Следниот 43ти круг нови медиум монтираше Џорџ Расел.

Верстапен по втор пат на трката го мина Леклер во 45от круг, повторно главно поради хард гумите кои немаа грип при излезот од првата кривина.

Во 46от круг гуи промени Карлос Саинз, но на тимот му беа потребни предолги 4,6 секунди од медиум да монтираат софт. При промената, шпанецот повторно излезе зад Џорџ Расел. Луис Хамилтон промену гуми последен, дури во 51от круг кога доби нови софт и излезе на 5то место, зад Саинз.

Во кругот број 54 и Џорџ Расел по борба од неколку кругови го мина Шарл Леклер и го сина на 3то место. Следниот круг, Ферари продолжи со глупостите и го внесе Шарл во бокс по софт, а истата лгупост ја направија и во Франција кога многу доцна го внесоа Саинз. Моначанецот се врати во трка на 6то место.

Кругот број 63 беше моментот кога Хамилтон со своите нови софт многу лесно и брзо го ина Карлос Саинз кој патем исто така беше на софт. Во тие моменти “сребрените“ имаа 2-3 пласман и повторно двоен подиум. Два круга подоцна Луис го мина и колегата Џорџ Расел за 2ро место, веднаш зад ланскиот лут ривал Макс Верстапен.

На два круга пред крајот крај патеката се паркираше Валтери Ботас со својата Алфа Ромео. Најпрво беше развеано жолто знаме за потоа контролата на трка да воведе виртуелно безбедносно возило. Последните два круга се одработија со дожд на патеката.

Макс Верстапен со победа пред тандемот на Мерцедес и Саинз од Ферари. Серхио Перез од Ред Бул беше 5ти пред Шарл Леклер кого стратегијата на Ферари го уништи. Мекларен 7ми со Ландо Норис пред тандемот на Алпин, Алонсо пред Окон, а поен освои и Себастијан Фетел.

Image

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ