Ферари Калифорнија на Шуми оди на аукција

Персонализирано и посебно изработено Ферари Калифорнија, сопственост на големиот Михаел Шумахер, е дел од понудата на аукцијата која претсои и се очекува “мрсна“ сума за него.

Калифорнија-та е произведена во 2009 година, дел од личната колекција на седумкратниот првак и во моментов се наоѓа во Швајцарија. Автомобилот е обоен во Argento Nurburgring Silver боја, има поминато над 15 илјади километри, има МС лого на наслоните на глава и располага со 4,3-литарски В8 мотор кој испорачува 460 коњски сили.

Во слободна продажба, таков автомобил може да се најде за околу 100 илјади долари, а аукцијата на која е понуден овој примерок ја организира Boutsen Classic Cars, така што очекувњата се автомобилот да биде продаден за многу над таа сума.

Ова не е прва сопственост на легендарниот возач што оди на аукција затоа што и неговиот Бенетон Б192 кој го користеше во својаа прва цела Фомула 1 сезона се продаде на аукција во Април како и болидот на Ферари со кој победи на Унгарското Гранд При во 1998 година кое “се шитна“ за речиси 4 милиони фунти.

Истата компанија го понуди и овогодинешниот Ц42 болид на Алфа Ромео но како болид за изложба, без мотор и пропртна технологија во него.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ