Фетел бара доживотни забрани за лошите навивачи во Ф1

Себастијан Фетел побара од Формула 1 да донесе доживотни забрани за гледање на трки за лошите навивачи од Ред Бул Ринг.

Во текот на викендот имаше навивачи кои упатуваа пораки со хомофобилна и расистичка реторика. Формула 1 објави дека реагирала кај промотерот да се најде решение за нив, а Фетел побара најстрога казна за тие навивачи без никаква толеранција.

Тоа е одвратно нели? Добро е што излегува од негде, но е одвратно.

Кој и да се овие луѓе треба да се засрамат и да им се забрани гледање на трки до крајот на животот. Не треба да има никаква толеранција.

Доколку луѓето уживаат и пијат, тоа е добро, но не е оправдување за ваквото однесување. Ние се тркаме како еден и фановите се дел од тоа – посочи себ.

Кристијан Хорнер додаде:

Шокирани сме од тоа што го слушнавме дека по несреќите имало лоши скандирања. Тоа е неприфатливо и бараме од обезбедувањето и од власите веднаш да реагираат. Поддржуваме инклузивност и нудиме безбедно место за да се ужива во нашиот спорт.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ