Фетел ги критикува гумите за дожд

Себастијан Фетел не кажа ништо добро за гумите на Пирели за дожд по нивното второ појавување оваа сезона, овој пат на Гранд При трката во Монако. 

Временската прогноза најавуваше дожд на трката за разлика од претходните денови кога беше сончево. Дождот предизвика доста проблеми, но возачите не беа задоволни од гумите на Пирели. Четирикратниот шампион и возач на Астон Мартин, Себастијан Фетел, изјави дека гумите се претешки за возење на патеки како Монако и истото важи и за интермедиа гумите кои ги возеле на Имола. 

Беше тешко да се возат тие гуми бидејќи бевме преспори. Тешко е на вакви патеки како Монако и Имола да се вози со тие гуми. Тоа се лоши гуми. 

Фетел откри дека со тие гуми на Пирели немало да може да стартуваат. 

Се сеќавам на посреќни денови во вакви услови. Со овие гуми не е возможно да се вози. Гумите се бескорисни. Со интермедиа гумите беше подобро. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ