Фетел доби казна од 25.000 евра

Себастијан Фетел доби казна од 25.000 евра поради тоа што предвреме го напушти состанокот на возачите во петокот по квалификациите во Австрија. 

Тој беше повикан кај стујардите поради прекршување на спортскиот правилник за однесување на брифингот на возачите. Се верува дека имало голема тензија околу правилата на состанокот поради што Фетел го напуштил истиот. 

За ова тој доби казна од 25.000 евра. 

Возачот Себастијан Фетел предвреме го напушти состанокот без дозвола со изразена нервоза. Возачите не смее да си заминат кога сакаат и со предвремено заминување го прекршуваат правилото.

Тие треба да се пример за сите возачи во светот и според мислењето на стујардите, Фетел не бил таков. себастијан имал состанок со директорот на трката кој ги информирал стујардите дека Фетел се извинил за стореното дело. 

Стујардите сметаат дека имало престап кој мора да биде казнет и доделиле казна од 25.000 евра до крајот на годината

Тоа значи дека Фетел ќе мора да ја плати казната само доколку повторно го направи делото и не присуствува на состанок на возачите. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ