Фетел за блокирањето на Хамилтон: Не можам да исчезнам

Себастијан Фетел ја оспори казната за непочитување на синото знаме што ја доби кога Луис Хамилтон беше позади него на Холандското Гранд При, велејќи дека не можел да исчезне.

Возачот на Астон Мартин беше на 14то место кога промени гуми во 36от круг, излегувајќи веднаш пред Луис Хамилтон, кој штотуку го помина Серхио Перез за трето место, а мексинканецот настојуваше да си ја врати загубената позиција.

На неговите свежи тврди гуми, Фетел помина низ серија предупредувања со сино знаме додека остана пред борбената двојка неколку кривини. Перез беше во можност да вози веднаш зад Хамилтон и да се обиде да го врати местото пред Фетел на крајот да ги пушти и двајцата. Стјуардите на ФИА му доделија на Фетел казна од пет секунди.

ниту половина круг не помина и се тргнав. Значи, не можам да исчезнам. Имам поинакво мислење, но не е важно – незадоволен остана себ.

Тимскиот шеф на Астон Мартин, Мајк Крак, застана во одбрана на својот возач, истакнувајќи дека на новите гуми Фетел имал добро темпо.

Секогаш е тешко кога ќе излезете од боксот со свежи гуми, а ве напаѓаат луѓе кои имаат постари гуми. Тој не беше навистина побавен во овој момент, Но мислам дека кога ќе го погледнете видеото, отидовме можеби малку предолго пред Луис. Така, овие работи понекогаш се случуваат.

Знаевме дека ќе завршиме во оваа ситуација. Тој беше свесен, но мислам дека и тој не го гледаше тоа како лошо, бидејќи очигледно имаше темпо, а ни кажа и дека има темпо да им избега напред. Но, ако го добиеш знамето, мора да го почитуваш.

Трката на германецот веќе беше расипана од неговиот прв питстоп, што го остави зад неколку ривали.

многу рано застанавме во обидот да го поминеме поголемиот дел од средниот ред, што мислам дека беше правилно – рече Фетел.

Потоа имавме навистина бавно застанување, загубивме три или четири секунди, не сум сигурен. очигледно тогаш ја загубивме позицијата од Пјер, Алекс, Мик и Жу. Беше многу блиску со Даниел. Значи, навистина не беше идеално.

За неговата битка со Шумахер, тој рече:

Очигледно тој падна назад, стартувајќи од топ 10. Се сретнавме во средината. Беше забавно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ