Фетел нема да се откаже од Ф1 по пензионирањето

Себастијан Фетел изјави дека нема да и сврти грб на Формула 1 откако ќе оди во пензија. 

Четирикратниот шампион признава дека размислувал за пензија пред да премине во Астон Мартин. Тој е отворен за сите општествени прашања и многумина се прашуваат дали има иднина во политика за него. 

Не сум сигурен дека политика е вистинскиот избор за мене. Најлесно е да бидам репортер за некоја телевизиска станица и да бидам на исто место во наредните неколку години, Но не сум за тоа. Го сакам спортот и нема да му свртам грб – најави себ.

Но сепак, Фетел не се срами кога понекогаш има контроверзни политички ставови. 

Сите луѓе треба подеднакво да се третираат, Но тоа не е случај во некои земји. Не се потребни само зборови затоа што Нашиот спорт може да направи голем притисок и некои работи да се поправат. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ