Фетел не се кае и покрај успехот на Астон Мартин

Себастијан Фетел се пензионираше и повлече од Формула 1 на крајот на 2022 година, а неговиот поранешен тим оваа сезона има успешен старт.

Тој изјави дека не се кае околу пензионирањето и избрал да стави крај на 15-годишната кариера иако неговиот тим веќе има три подиуми со Алонсо зад воланот по исто толку трки одработени досега сезонава.

Моментално сум гледач и имам доста инсајдески информации од минатите години. Секако сум заинтересиран.

Но сепак, Фетел сака да остане надвор од Ф1.

Во моментов сакам да правам други работи кои ме интересираат. Уживам во домот со децата и семејството. Собирам идеи и ќе видам дали ќе има нешто конкретно од тоа.

Себ е задоволен што Астон Мартин напредува и не жали за одлуката.

Тешко е да се предвиди што ќе се случи наредната година, Но задоволен сум од постигнатото и јасен е напредокот, иако минатата година беше доста лоша. сепак, јас донесов одлука независно од тоа што се случува сега.

Околу успехот на Алонсо кој е постигнат со работата на Фетел тој не жали.

Не го гледам на тој начин. Не жалам што заминав. Секако ќе беше полесно со овој болид, но сега уживам, Уживам и за него. Имаше неколку години кога немаше добар болид и сега има нова пролет.

Иако Фетел учествуваше во развојот на АМР23, сепак скромно смета дека не допринел толку многу.

Секако работата беше минатата година и многу луѓе работеа на тоа. Сите допринесуваат и тоа е тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ