Фетел призна дека самиот побарал мазни гуми

Себастијан Фетел превзема целосна одговорност за неговата промена на мазни гуми на Големата награда на Турција.

Возачот на Астон Мартин сакаше да проба на мазни гуми во влажните услови на Истанбул Парк иако патеката сеуште беше мокра и речиси да немаше суви делови. Германецот признава дека било тимска одлука, но последниот збор го имал тој и си ја уништил трката иако претходно се бореше за поени. Еден круг по променатан тој, се врати на интермедиа гуми, но беше доцна, сите го престигнаа и заврши на 18та позиција.

Фетел објасни зошто се одлучил да промени на гуми за суво и откако не успеал да ги загрее, неговиот план пропадна.

Заедно донесовме одлука и сакав да пробам и да ризикувам. На интермедиа немав веќе ништо и мислев дека ќе биде добро на мазни гуми, но не успеав да ги загреам и немав грип.

Беше потешко отколку што мислев бидејќи сеуште беше влажно. Неколку кругови беа примамливи и морав да пробам. Интермедиа гумите беа мазни и мислев дека ќе можам со медиум да продолжам, но погрешив – призна себ.

И покрај тоа што патеката во Турција доби асфалт минатата година, сепак таа оваа година беше третирана за да има повеќе грип, но Фетел смета дека условите на патеката биле тешки.

Патеката беше интересна, но и чудна, минатата година на интермедиа можев подолго да издржам. Мислев дека сум подготвен за гуми за суво, но ризикот не се исплатеше.

Минатата година 15 кругови мислев дека можам да променам на гуми за суво, но патеката стануваше полоша и погрешив.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ