Фетел со СМС порака го тешел Леклер по излетувањето во Франција

Шарл Леклер изјави дека Себастијан Фетел му пишал утешителна СМС порака по излетувањето во Франција. 

Главна вест во четвртокот беше објавата на Себастијан Фетел дека ќе се пензионира на крајот на сезоната.

Шарл Леклер излета во Франција на Гранд При трката минатат недела, а за време на прес конференцијата во Унгарија, откри дека Фетел му пишал утешителна порака и дека има убави спомени од својот поранешен колега. 

Имаме многу спомени, но повеќе од нив се надвор од патеката. Имаше моменти во фабриката каде се развиваше нашето пријателство и уште во првата година бев импресиониран од него. Можеби му беше чудно што бев срамежлив и не знаев што да му кажам, Но ние сме пријатели и често ми пишува како и сега во неделата. Убаво е да се види колку сум пораснал откако го сретнав – се осврна на минатото леклер.

Шарл по грешката во Пол Рикар изјави дека веќе се врти кон наредната трка. 

Мора да продолжам и да се фокусирам на наредниот викенд од кој морам да извадам максимум. Не сакам да се вадам на ветерот или птица затоа што Возев и згрешив. Условите се променливи во секој круг и тоа е исто за сите. Очигледно е потешко кога си на лимитот, но сите се на лимитот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ