Фетел: Ф1 мора да определи што е поважно, парите или моралот

Себастијан Фетел изјави дека Формула 1 треба да се приклучи на другите спортови кои треба да се запрашаат дали е поважен профитот или моралот. 

Додавањето на трките во Саудиска Арабија и Катар ги зголеми грижите за режимот во тие земји и непочитувањето на човековите права. Формула 1 и ФИА долго време се трудат спортот да е неутрален и да вози во интересни земји, но сепак има отворање на други прашања. 

Фетел смета дека профитот не треба да е единствениот фактор за каде ќе се одржуваат трките. 

Мислам дека проблемот е во спортот како и земјата каде се одржува. Некои луѓе имаат различни мислење и позадини. Мора да се најдат вистинските луѓе да го водат спортот во правилна насока.

Тука се работи за голем финансиски интерес да се оди напред, Но каде е моралот. Дали се кажува не на некои работи, или се се одобрува од погрешни причини. Мислам дека треба да се види големата слика и тие луѓе да се запрашаат себе си. 

Фетел во последната година е голем подржувач на повеќе социјални теми како загадувањето и правата на ЛГБТ лицата. Формула 1 започна со слоганот #weraceasone но Фетел смета дека не се потребни само зборови туку и акција. 

Мислам дека некои важни теми се занемаруваат. не е важно од каде се доаѓа. има повеќе земји со различни правила, влади и позадини. Сега не можам да зборувам за земјите бидејќи не сум експерт, Но одиме на земји каде праќаме порака. Не е потребно само порака туку акција.

Не знам дали најдобриот начин е да се развее знамето на патеката на неколку минути. Секако има голем притисок, Но на крајот не треба да се суди бидејќи има различни закони и љубовта е различна. Секое разделување е погрешно. Замислете сите болиди да се исти во Формула 1. Ќе биде досадно. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ