ФИА веќе разговара со Маси за неговиот следен ангажман

ФИА веќе е влезена во преговори со веќе поранешниот директор на трка, Мајкл Маси, околу негов следен ангажман во Федерацијата.

Во Сабота ФИА го објави извештајот околу контроверзниот крај на минатата сезона и трката во Абу Даби, а заклучокот беше дека се работи за човечка грешка на контролата на трка. Маси не испочитувал барем два члена од спортскиот правилник, но грешката била ненамерна и во духот на спортот. ФИА одтогаш почна со реформирање на начинот на раководење со Формула 1 трките и направени се значителни промени.

Уште на почетокот на сезоната ФИА најави дека Маси повеќе нема да биде директор на трка, туку ќе добие нова улога во организацијата, но немаше никакви најави за следниот ангажман на австралијанецот. Во својата прва изјава откако беше објавен извештајот за Абу Даби, Претседателот Мохамед Бед Сулајем посочи дека отстранувањето на Маси е направено за да тој се оттргне од притисокот и стресот.

благодарни сме му за трите години кои ги инвестираше со нас и за времето кое го вложи во формула 1. сега разговараме да остане во фиа затоа што е важен за нас, нашите луѓе преговараат за да му најдат место во федераијата. сакаме да продолжиме, она што се случи во абу даби е веќе зад нас, анализата е објавена, а пред нас имаме нова трка и нова формула 1 сезона – најави бен сулајем.

Саудиецот се чувствува задоволно и олеснето што извештајот со заклучоците конечно бил презентиран и понудил детална анализа за турбулентните последни кругови кои му донесоа прва титула на Верстапен, а му ја одзедоа на Хамитон.

директор не може да биде еден човек и поради тоа донесовме дополнителен персонал како на пример херби блаш како поддршка на директорот. дополнително, ротираме двајца директори, не само еден. ако знаеме дека имаме 23 трки и еден чвек, тоа е многу патување и огромен притисок поради што моравме да промениме.

Бен Сулајем ја одобри и идејата да се создде Виртуелна контрола на трка за да се даде поголема поддшка на присутните на патеката.

идејата ми дојде во јануари кога бев во посета на некои формула 1 екипи и посетив една екипа лани. ги прашав што е таа соба што изгледа како театар и ми кажаа дека е виртуелна контрола, на што бев зачуден зошто ние немаме нешто такво.

инвестиравме во таква просторија и веќе е подготвена за работа. не ветуваме дека ќе донесеме нешто ново затоа што знаеме дека тоа многу ќе помогне.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ