ФИА го објави извештајот за сударот на Гросжан во Бахреин

Интернационалната автомобилистичка федерација (ФИА) го објави извештајот од сударот на Роман Гросжан на Бахреинското Гранд При, инцидент по кој неговиот болид екслодираше што рпедизвика барање за засилени безбедносни мерки.

Возачот на Хаас беше дел од огромен судар во првиот круг од трката на крајот од Ноември, по што неговта шасија буквално се подели на два дела, а болидот експлодираше во пламен. Но, возачот беше свесен и самиот излезе од болидот, а со помош на маршалите и медицинската екипа беше експресно евакулиран и мина само изгореници на раката. По трката ФИА експресно објави дека почнува истрага, а резултатите се официјално објавени.

болидот претрпе огромна штета во текот на сударот вклучително и одделување на делот од моторот од кафезот на возачот. испитувањето на резервоарот покажа дека оддел во левиот дел на шасијата бил откинат, а снабдувањето со горивот на моторот и безбедносните системи кои таму ги има биле пат за горивото да “избега“ од резервоарот и да се запали.

бебедносната опрема на возачот вклучително кацигата, ханс уредот, безбедносниот кафез, седиштето, потпирачот за глава и хало заштитата одработиле согласно своите спецификации за заштита на возачот и соодветно ги апсорбиралњ сите сили заштиттувајќи го возачот.

системот за повраток на енергијата и батеријата беа оштетени силно, а некои делови од нив останале прикачени за моторот, а другите за останатиот откинт дел каде беше и возачот.

пожарот избувна во последните моменти од ударот во бариерите почнувајќи од заниот дел на кафезот каде е сместен возач и се ширел кон предниот дел каде всушност седел возачот – вели извештајот на фиа.

Помеѓу работите кои ФИА треба да ги направи годинава по ревизијата на сите 18 посилни судари сезонава, многу е сконцентрирано кон безбедносните системи кои го спречуваат излевањето на гориво од резервоарот.

  • дизајнирање и ревидирање на безбедносниот систем во резервоарот кој го спречува излевањето на гориво во едносед категориите
  • препораки за инсталација на безбедносни системи кај резерворот на најдобар начин
  • ревидирање на стандардите на фиа за безбедносни системи во резервоарот
  • ревидирање на правилата за дизајнирање на безбедносниот дел од реервоарот и инспекција на останатите оддели околу него
  • хомоогација на гориввото вклучително и материјалите на деловите каде се наоѓа истото.

ФИА најави дека ќе направи ревизија и на безбедносната ќелија каде седи воачот и че ја засили истата за да биде отпорна на поголем притисок како и ревизија на летвата од системот за управување откако левото стапало на Гросжан останало заглавено поради оштетување на летвата. Извештајот најави и ревизија на правилата за хомологација на делот за потирање на главата и анализа на инсгталацијата на моторите.

Гросжан беше во опожарениот болид цели 27 секунди и сето тоа благодарение на облеката со многу високи стандрди на отпорност која ФИА ја наложува која од минатата сезона има уште посовремена спецфикација. Сепак, Федераијата најави подобрување на индексот од отпорност кон топлина на ракавиците поради изгорениците кои ги претрпе возачот.

Понатаму, најавено е истражување на подобрување на системите за гаснење пожар кај отворените едноседи како и начин со кој визирите од кацигите на возачите ќе останат корисни и при пожар и нема да се топат и на тој начин да стануваат некорисни.

Безбедносниот оддел на ФИА го најави и следното:

  • истрага за имплементација на системи за предупредување како и електронски помагала за гледање при пожар
  • истрага за вметнување на делови во актуелните бариери со цел да се подобрат нивните перформанси при судр
  • истрага за нов вид на бариери ефективни при различни видови и начини на судар
  • истрага за проценка на актуелните системи за гаснење пожар и опрема на противпожарните единици, нивната опрема и технолигија

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ