ФИА нема да поведе истрага против Хамилтон

ФИА нема да покрене истрага околу спорниот натпис на маичката на Луис Хамилтон која британецот ја носеше во пресрет на Тосканското Гранд При, а насочена против полициската бруталност.

Натписот го привлече вниманието на Федерацијата, но формална истрага нема да биде покрената.

Членот 1.2 од Меѓународниот спортски кодекс на ФИА вели дека натпреваруачите не смеат да прават реклама од било каков вид од политичка и религиозна природна која има предрасуди и се коси со интересита на ФИА, иако не е точно специфицирано што тие смеат да промовираат. Периодот кој следи Федерацијата секако дека ќе го регулира тоа правило и точно ќе посочи што смее, а што не смее да биде вклучено во активностите на возачи за време на тркачкиот викенд.

Победникот на Тосканското Гранд При се појави со посебна маичка за време на веќе традиционалното клекнување пред стартот како поддршка за борбата против расизмот и нееднаквостите. “Уапсете ги полицајците кои ја унија Бреона Тејлор“ пишуваше на црната маичка на шампионот, додека позади имаше слика од Бреона и беше напишано “Изговорете го нејзиното име“.

За разлика од сите останати возачи во падокот кој традиционално носат маички на кои пишува “Крај на расизмот“, Луис мора да се разликува и неговата маичка вели “Животите на црните луѓе се важни“.

Мерцедес застанаа во одбрана на својот возач откако тој беше критикуван за промовирање на политика во спортот.

не носиме политика во формула 1, ова се човекови права што се обидуваме да ги потенцираме и да ја подигнеме свеста, а тоа е многу различно – соопштија од мерцедес.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ