ФИА објави повеќе податоци за калниците

ФИА објави повеќе детали за плановите да намести калници на болидите во услови на влажно време. 

Минатиот месец беше објавена идејата на ФИА да се тестираат калници кои треба да им помогнат на возачите при влажни трки и да се подобри видливоста во такви услови. Сеуште се работи на прототип за кој би можел да се пушти во употреба во 2024 година. 

Николас Томбазис ја објасни позадината на идеата и објасни зошто се размислува за калници во такви ситуации. 

Мислам дека ќе се користат само неколку пати во текот на сезоната. Не сакам да кажам дека ќе се користат секогаш кога ќе врне. 

Целта на ова е да се спречи ситуацијата од Белгија во 2021 година каде само неколку кругови се свртеа под безбедносно возило и слична ситуација се случи повторно оваа сезона во Јапонија. 

Спа остави белег на спортот, Но мислам дека можеше да биде полошо во Јпаонија доколку го повторевме тоа. Мора да се избегне таа ситуација.

Многу луѓе гледаат и плаќаат билети и неодговорно е да кажеме дека не може да возиме. Мислам дека условите се добри само со интермедиа гуми и не сме биле во ситуација да се тркаме со гуми за дожд. 

ФИА започна со компјутерски симулации со калници, но сепак е тешко да се направи точна проценка. 

Направивме доста симулации за да го процениме ефектот на овие делови, Но сепак, тоа е голем предизвик за да се процени што излегува од дифузерот. Кога ќе имаме решение ќе направиме процена. Сеуште сме далеку од тоа. 

Томбазис појасни дека дека тие ќе останат на болидите кога ќе се монтираат независно од условите. 

Доколку се наместат тие ќе останат на болидот независно од дождот или сушењето на патеката. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ