ФИА откри како Хонда го подобриле моторот пред сезоната

Јапонците од Хонда имаа целосно нова спецификација за Австриското Гранд При, првата трка од сезоната, а падокот остана зачуден како успеале јапонците да го направат тоа со оглед на заклучените фабрики минатиот период.

Ферари, Рено и Мерцедес имаа задолжително затворени фабрики поради пандемијата, но во Јапоија немаше толку ригорозни мерки што им дозволни на Хонда да продолжат да работат на својот агрегат.

Во Унгарија, Матиа Биното посочи дека новините биле планирани за порано, но поради затворените фабрики не можеле доволно брзо да бидат произведени за да може да се користат на болидите. Не е спорно дека поради местоположбата на својата фабрика, Хонда можеле да работат кога останатите не биле во можност, на прашање е колкава предност стекнале од тоа.

Одговорниот за едноседите во ФИА, Николас Томбазис, откри дека клучно за време на носење на мерките насочени кон штедење поради тешката ситуација која ј донесе пандемијата било да се осигураат дека никој производител или тим нема да биде во поповолна ситуација поради некој друг само затоа што се наоѓа во друга земја.

Хонда добила дозвола да работи на пролет поради тоа што се верува дека Јапонија може да бидат затворена во текот на летото, поради тоа јапонците работеле додека никој друг не работел, но во текот на сезоната ќе мора да останат затворени во одреден период.

заторањето на фабриката на хонда беше направено поинаку одошто кај остатокот од производителите, не во однос на должината на траење туку во однос на периодот кога тоа ќе се случи.

причината поради тоа беше тоа што сите екипи и производители прифатија дека поради ненормалните услови во кои се наоѓаме, никој од нив нема да треба задолжително да ја затвори фабриката повеќе од некој друг само поради фактот што се наоѓа на различна локација и поради тоа што ситуацијата со пандемијата е полоша на едно место одошто на друго.

италија прва влезе во задолжителната пауза, британија по нив, но периодот беше еднаков за никој да не стекне предност од тоа – појасни томбазис.

Барањето за еднаквост значеше дека не смее Хонда да се натера да ја затвори фабриката во истиот период како и останатите затоа што доколку Владата во Јапонија го побара тоа подоцна, ќе имаше голем проблем како да се спроведе таа еднаквост помеѓу тимовите. Во тој случај опција ќе беше да им се наложи и на останатите три производители во тој период да не работат.

јапонија има целосно различен развој на ковид пандемијата и мерките за карантин. не знаевме кога ги договаравме правилата н почетокот на април дали јапонија ќе има карантин во текот на летото, ншто што зависеше само од развојот на здравствената криза, така што моравме да дадеме флексибилност кај нив за да затворат подоцна.

доколку имаа законска обврска да затворат во јули ќе беше несериозно да го бараме тоа и од останатите тимови само поради тоа што во јапонија е лошо, а не кај нив. затоа на хонда им се дозволи да работат додека другите не смееја и поради тоа донесоа нова спецификација.

не е лесно да се направат соодветни и правични правила кога луѓето работат под различни околности, но ова што го спроведовме е најдобро што можевме.

Дополнително, новата спецификација на Хонда не била насочена кон дополнителна моќ за Ред Бул и за АлфаТаури туку била насочена исклучиво кон издржливоста на агрегатот. Томбазис потврди дека забраните ги спречуваат производителите да донесат посилни спецификации од оние кои се хомологирани во Февруари.

имаше две работи кои се постигнаа со штедењето во врска со моторите, една е ограничување на часовите на динамометар кои може да се одработа, слично на рестрикциите со воздушниот тунел во однос на аеродинамиката.

друго е намалувањето на бројот на хомологирани мотори кои може секој производител да ги има, така што никој производител немаше нова спецификација со значителен напредок.

првичните спецификации се хомологирани во досие за 2020 година и тие беа произведен иво февруари, а никој, вклучително и хонда, не направија скок во перформанси од тогаш. производителите сакаа да направат подобрувања во однос на издржливоста затоа што откажување на мотор носи незавршена сезона која ионака има малку трки.

новини во однос на издржливоста се прават преку договорен процес, така што може и производителите да не знаат еден за друг. не може да правите подобрувања на квалитетот на моторот, а да промените коефициент на компресија, комора за согорување или нешто друго и да добиете 20 коњски сили повеќе. тоа е строго контролиран процес кој се следи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ