ФИА: Песочните зони на Муџело нема да функционираат секаде

Директорот за Формула 1 трки при ФИА, Мајкл Маси, вели дека песочните зони кои се лимит на патеката Муџело не може да се применат секаде, иако возачите имаат позитивно мислење за истите.

За разлика од многуте модерни патеки, Муџело има песочни зони ширум целата патека, а самиот Маси посочи дека лимитот на патеката во свиоците 3, 5, 9, 11 и 15 нема да биде под мониторинг бидејќи истиот е песочна зона. Иако неколку возачи ги поддржуваат истите, Маси во однос на тоа дали може да користат на повеќе патеки, истакна дека тоа не е возможно.

Не, не може да ги имаме секаде. Тоа не одговара секаде, како што сум споменал повеќе пати. Мора да имаме соодветно решение за секоја патека.

Ќе работиме кон тоа. Веќе го дискутиравме тоа со возачите. Мислам дека бараат премногу. Тоа не е решение на секоја патека, едноставно кажано.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ