ФИА планира да го забрани копирањето догодина

Формула 1 планира да го забрани копирањето на дизајните од следната година за да спречи “розеви Мерцедес“ налик на она што Рејсинг Поинт го вози сезонава.

Многу скоро откако стјуардиет во Британија решија да ги казнат Рејсинг Поинт поради прекршување на спортските правила во дизајнот на нивните задни делови за ладење на сопирачките, ФИА откри дека ќе превземе дополнителни мерки за следната година.

Главниот за отворените едноседи во ФИА, Николас Томбазис, вели дека се договориле оти клонирање и копирање на нечиј дизајн во иднина нема да биде дозолено и ќе биде казниво. Поради тоа ќе бидат променети правилата за следната година во однос на лимит колку може една екипа да копира од друга.

планираме многу скоро да ги дополниме правилата за следнатга година за да спречиме копирањето да стане вообичаено. тоа ќе запре екипи да користат многу слики за да копираат нечиј дизајн на начин на кој Рејсинг Поинт го направи тоа. прифаќаме одредени компоненти да бидат копирани, но не сакаме цел принцип на болид да биде копиран од друга екипа – најави томбазис.

Николас не објасни детали од тоа што е планиран ода се промени, но беше јасен дека нема да ги присилува Рејсинг Поинт да се откажат од тековниот дизајн кој го користат.

ќе ги насочиме екипите и ќе им дадеме драфт текст на правилото наскоро. сакаме да пренееме силна порака врз екипите дека не треба да го прават тоа со следните болиди затоа што ќе биде забрането. екипите не треба да се откажат сегашните дизајни само за да “бркаат“ нова филозофија налик на некој од конкурентите.

Томбазис е свесен дека копирањето е пракса во спортот долги години, но смета и дека Рејсинг Поинт отишле предалеку со користење на истото.

копирањето е дел од формула 1 многу долг период, луѓето сликаат и со обратен инженеринг успеваат да дојдат до слични концепти во некои области. некогаш успеваат да создадат идентични концепти, нешто што нема да го ограничуваме целосно.

но, рејсинг поинт го однесе копирањето на друго ниво, одличија да ја променат целата филозофија на болидот во една година и со тоа направија целосна промена на процесот на дизјнирање на формула 1 болидот, процес кој се користи повеќе од 40 години.

не треба да се казнуваат затоа што беа оригинални и измислија новпристап, но не сметаме дека формула 1 треба да работи така. не сакаме следната година да имаме осум или десет болиди на мерцедес и нивни копии на гридот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ