ФИА планира нови тестови за задните крила

ФИА објави дека нема да дозволи игри со задните крила и ќе ги промени тестовите на истите за да не се случи тоа што се случи оваа сезона. 

При крајот на минатата сезона имаше обвинувања помеѓу Ред Бул и Мерцедес околу флексибилните задни крила кои ја зголемуваат брзината на правците. Сомнежот беше кон “сребрените“ кои нашле начин да го израмнат крилот на голема брзина и да не создава голем отпор. 

Ред Бул тврдеа дека има гребаници на крилото на Мерцедес кои се доказ дека тоа се движи. ФИА во Катар започна со истрага, но иако новите тестови не направија нешто посебно, сепак правилата ќе бидат построги во иднина. 

Во Катар не најдовме ништо, Немаше ништо загрижувачко. Не беше лош тест, но може да се поправи. Може треба да размислиме пред новата сезона – изјави Николас Томбазис, одговорниот за техничкиот дел од отворените едносед серии под крилата на фиа.

Томбазис објасни дека главниот проблем е бидејќи тимовите секогаш наоѓаат паметен начин да ги прекршат правилата. 

Тестот не беше толку добар технички бидејќи се работи за цврст дел кој треба да го менаџира притисокот врз него. Тешко е бидејќи не треба да се користи гравитацијата. Има начин да го промениме, но потребно ни е повеќе време. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ