ФИА повторно воведе измени во Спринт форматот

Промената е со цел да ја избегне ненамерната последица воведена на Големата Награда на Азербејџан.

Спринт правилата на Ф1 повторно се сменија пред Австриското Гранд При со цел да се надминат проблемите со кои се соочија во Азербејџан.

Новите правила беа воведени пред настанот во Баку, на кој саботните процедури беа одделени од трката, со воведена нова квалификациски престрелка за да го замени она што беше ефективно Т2.

Во оваа престрелка, која го одредуваше гридот за Спринт трката, возачите мораа да користат нови медиум гуми во СК1 и СК2 пред да користат нов сет на софт во последната фаза.

Но, тимовите не беа обврзани да зачуваат сет на нови софт за СК3 и наместо тоа можеа да ја искористат нивната распределба во единствената тренинг сесија и главните квалификации во Петок.

Ова беше случај со Ландо Норис од Мекларен и Јуки Цунода од АлфаТаури, иако само Британецот успеа да влезе во СК3. Доколку и двајцата возачи го поминаа последниот сегмент од престрелката, правилата дозволуваа да се користат интермедиа пневматици за да се стартува од деветто наместо десетто место.

Но, измените на регулативите сега дозволуваат секој сет на софт гуми да се користи во СК3.

Забелешките за настанот на директорот на трката Нилс Витич гласат:

Со цел да се избегне признаената несакана последица со која во одредени ситуации на настаните во Спринт станува привлечно да се возат Интермедиа гуми на сува патека, направена е следната измена на член 30.5.х од спортските регулативи на Формула 1.

Имаше консултации со носителот на комерцијалните права, стјуардите и тимовите. Договорот на ФИА, носителот на комерцијалните права и девет натпреварувачи е постигнат во согласност со член 1.4.

Според тоа, мојата одлука е членот 30.5.х 4 да се измени и да гласи на следниов начин:

Во периодот на СК3 на Спринт престрелката, може да се користи до еден комплет гуми за суво време, а тоа мора да биде сет со софт спецификација.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ