ФИА размислува за промени за повеќе трки како Бразил

Рос Браун, спортскиот шеф на Формула 1, предлага шефовите на тркачката серијa да размислат за одредени измени во правилата со цел да се создадат услови за спектакуларните рестартови на трките какви што на два пати имаше за време на Големата награда на Бразил.

Промените од лани значат дека по рестартовите и повлекувањето на безбедносното возило, возачите не смее да претекнуваат се додека не ја минат целната линија, додека во минатото имаше посебна линија за таа намена, која беше поставена пред влезот во боксовите.

При рестартот на Интерлагос, водечкиот буквално го наби поредокот се до стартно-целната линија наместо по послендата кривина да д вози “до даска“ и да не даде никаква шанса да биде минат. Во Бразил беше евидентно позиционирањето во двата наврати и бројните претекнувања при повторниот почеток на трките.

Рос Браун потенцираше дека забавата при рестартовите е многу поголема согласно новата регулатива и секако дека сакаат тоа да се повтори и во текот на другите трки каде ќе има безбедносни возила.

верстапен беше многу силен за време на вториот рестарт кога ги забави сите до самиот крај со што осигура дека тој зад него ќе има најмал можен слипстрим и со тоа најмала шанса да го мине за водство.

рестартовите беа фасцинантни и многу возбудливи, а истите ќе бидат анализирани внимателно поради густината на поредокот и спектаклот кој го предизвикаа каде возачите буквално се бореа за позиции, а и најмалата предност се покажа одлучувачка. ја испитуваме можноста за создавање на вакви услови во иднина како интересен концепт за разработка во периодот кој следи – најави рос.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ