ФИА со истрага за натписот на маицата на Хамилтон

ФИА започна истрага околу тоа дали Луис Хамилтон ги прекршил правилата со носењето на маица на Тосканското Гранд При со која се истакнува полициската бруталност.

Хамилтон, кој стартуваше од пол позиција во Муџело, носеше маица пред и по трката на која беше испишано: Уапсете ги полицајците кои ја убија Бриона Тејлор. Од задната страна на истата имаше слика од нејзиниот лик со зборовите: Кажете го нејзиното име.

Тејлор беше африканоамериканка, медицински техничар од Луивил, Кентаки, која беше убиена во нејзиниот дом од полиција откако се обиделе да и дадат налог без ограничување (со дозвола да влезат слободно) за претрес на нејзиниот дом поради истрага за наркотици. Нејзиниот дечко, Кенет Вокер, пукал кон полицијата мислејќи дека се натрапници, а тие возвратиле. Тејлор била погодена осум пати и починала од повредите.

Контроверзијата околу легалните постапки на полициски офицери го поведе Хамилтон да се појави со маица која според некои има политичко значење, нешто што Мерцедес се обидоа да го појаснат на социјалните мрежи.

Не носиме политика во Формула 1, ова се проблеми со човекови права кои се обидуваме да ги истакнеме. Има голема разлика.

ФИА прави се што може годинава да им помогне на возачите да ги промовираат своите пораки против расизам. Во порака до возачите во однос на церемонијата пред трка, директорот на трки, Мајкл Маси појасни:

ФИА ги поДдржува сите форми на индивидуално изразување согласно основните принципи во нејзиниот Статут.

Статутот на ФИА вели дека владеечкото тело е неутрално во се што прави, а во кој гласи:

ФИА се оградува од манифестација на дискриминација поради раса, боја на кожа, пол, сексуална ориентација, етничка основа, јазик, религија, филозофски или политички мислења, семејна состојба или дисабилност при своите активности. 

Во меѓународната спортска регулатива исто така е истакнато дека тимовите не смее да користат политички реклами, но нема специфичен дел наменет за возачите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ