ФИА ќе ги менува процедурите за рестарт на спринт

ФИА размислува за промена на процедурите за рестарт по црвено знаме во пресрет на кусиот спринт денеска низ улиците на Баку.

Промената треба да им даде на возачите поголема можност соодветно да ги подготват своите гуми со цел да се ибегне хаос како на вториот рестарт во Мелбурн. Проблем е што спортскиот правилни не може да се менува во тек на тркачки викенд, но Фернандо Алонсо, на состанокот со возачите, посочил како може да се избегне проблемот со ладни гуми во сегашниот склоп на правила.

спринтот ќе продолжи зад безбедносно возило кога ќе светнат зелените светла, а безбедносното возило ќе се упати кон боксот, а болидите не смее да бидат подалеку од десет должини зад безбедносното возило – вели правилото.

Алонсо посочи дека безбедносното возило заминува од патеката 30 секунди порано и лидерот на поредокот го одредува ритамот по кој ќе се вози, а се создава празнина која на сите може да им даде време да ги подготват гумите со соодветно возење.

ФИА веднаш испратила допис до екипите за да се дадат повратни информации за можноста за воведување на процедура наместо промена на правила, но сеуште нема официјална потврда дали истото е прифатено.

кога контролата на трка ќе одлучи дека е бебедно да го повлече безбедносното возило, преку официјалниот систем до сите тркачи ќе биде испратена пораката ‘STANDING START’, а панелите на ФИА ќе покажуваат SS и безбедносото возило ќе има портокалови светла.

тоа ќе биде знак до сите возачи дека безбедносото возило ќе се враќа во боксот на крајот на тој круг и од тој момент првиот болид зад возилото го диктира ритамот и не смее да заостане повеќе од 10 должини – продолжува правилото.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ