Фитипалди го поддржува Алонсо околу расправијата со Хамилтон

Формула 1 легендата, Емерсон Фитипалди, застана на страната на Фернандо Алонсо по неодамнешната расправија со Луис Хамилтон.

Двократниот шампион Алонсо, неодамна сугерираше дека титулите на Макс Верстапен вредат повеќе од седумте светски шампионати на Хамилтон.

Имам голема почит кон Луис, но сепак е поинаку кога ќе освоиш седум светски титули кога се бориш само со твојот тимски колега – изјави Алонсо за холандски De Telegraaf.

Хамилтон возврати со криптичен твит на фотографија од парот како тимски колеги од Мекларен од 2007 година, заедно на подиум, со емотикон на палци нагоре.

Дефинитивно е интересно да се видат коментарите што се даваат, но тоа навистина не е важно. Затоа само ги кренав палците – изјави возачот на Мерцедес.

Друг двократен шампион, сепак, застана на страната на Алонсо. 75-годишниот Емерсон Фитипалди, кој ги освои своите титули во 1972 и 1974 година, беше замолен од Вегас Инсајдер да коментира за расправијата.

Многу е тешко да се анализира, но поентата што ја спомна Фернандо е валидна бидејќи сега е исклучително конкурентно, Многу повеќе отколку кога Луис ги освојуваше шампионатите, тоа беше против неговиот тимски колега. Сега, го имате Макс кој е против многу различни луѓе. Ако размислите добро, да, Фернандо е во право.

Нивото, разликата меѓу првите пет болиди во сите квалификации оваа година е многу блиска. Многу поблиску отколку кога Луис и Нико Розберг или Луис и Валтери Ботас беа таму. Беа доста супериорни во однос на гридот. Сега гридот е многу зближен. Сега ми се допаѓа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ