Формула 1 објави огромен пад во приходите

Либерти Медиа објавија огромен пад во приходите и загуба во првиот квартал на 2020 година.  Приходите од Јануари до Март се намалиле од 246 милиони долари минатата година на само 39 милиони долари оваа година. Споменатиот период ги покрива единствено трките во Австралија и Бахреин. 

Иако патеките имаат однапред платена котизација за учество на календарот, Формула 1 е јасна дека тие средства нема да се сметаат за приход како и парите од телевизиските права и спонзорските договори. 

Главниот приход е намален од 198 милиони долари на 13 милиони долари и тоа е од средствата што ги плаќаат организаторите, телевизиските права и спонзорствата. Кај другите приходи има пад од 48 милиони долари на 26 милиони долари. 

Оперативниот приход од 47 милиони лани е намален на оператвна загуба од 137 милиони долари оваа година. 

Откако не одржуваме трки, главните приходи на Формула 1 веќе ги нема. Бидејќи нема активности, средствата се намалени на нула. Во моментов не очекуваме да има трки и во вториот квартал на 2020 година – гласи соопштението на либерти.

Формула 1 успеа да ги намали оперативните трошоци од 52 милиона долари на 43 милиона долари. Покрај големите трошоци на Формула 1 за трката во Австралија која не се одржа, платите на вработените беа субвенционирани од британската влада и затоа се намали ударот. 

Официјално, никакви плаќања не се направени кон тимовите иако тие треба да се случат кога ќе има трки. Минатата година тимовите добија 93 милиони долари во периодот од јануари до март. 

Ниту еден тим не е исплатен, бидејќи тие се исплатуваат само доколку има трки на календарот.

Трошоците на Формула 1 варираат многу поради таквата природа. Овие трошоци се намалија бидејќи нема трки. Некои трошоци се случија пред почетокот на сезоната за организација на трката во Австралија која не се одржа.

Превземавме мерки да се намалат трошоците и користиме некои од финансиските мерки на владата на велика Британија за да се намали ударот.

Благодарност до ФИА, тимовите, промотерите, нашите вработени и партнери за напорот во овие тешки времиња. Одиме напред со нашите планови за да ја зајакнеме иднината на Формула 1 со нови технички, спортски и финансиски правила за да се подобри конкуренцијата и бизнисот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ