Фуџи размислува за нов датум за да удоволи на Тојота и Фернандо

Се чини дека челниците на ендјуранс серијата заедно со организаторите на трката во Фуџи, прават напори за да се овозможи учество на Фернандо Алонсо со Тојота на настанот со промена на датумот на одржување. Шпанецот се обврза да вози за јапонската компанија годинава во серијата за издржливост, но трката во Јапонија се поклопува со Големата награда на Америка во Формула 1.

Тојота има фантастична соработка со челниците на серијата како и со организацијата во Фуџи и наводно веќе ургирале за промена на датумот на 5та трка од шампионатот. Јапонците очајно сакаат да го искористат искуството на Нандо и да го превземат приматот во ендјуранс серијата каде неколку години по ред се поразувани од Порше.

Сезоната во ВЕЦ годинава почнува во Мај 2018 година на белгиската Спа, а завршува со легендарниот Ле Ман во 2019 година. Договорот на Фернандо сеуште не ги дефинира трките од 2019 година кои зависат од Формула 1 календарот за следнаа сезона.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ