Ф1 бара да се промени цената на прескапиот менувач

Формула 1 тимовите и ФИА размислуваат за цената на менувачот со новите правила кои треба да стапат на сила од 2026 година. 

Иако правилата за моторите се донесени, сеуште се дискутира за шасијата и фокусот е на намалување на трошоците. Менувачите се цел на тоа бидејќи уште во минатото се зборуваше за нивна промена, намалување на трошоците и воведување на стандарден менувач. 

Најголем интерес за тоа има Астон Мартин кој е клиент на Мерцедес заедно со Мекларен кој сака да има свој оддел за менувачи. Тимот бара стандардизирање или поедноставување на технологијата. 

Доколку ги видиме менувачите денеска и тие од претходно, мислам дека нема разлика во перформансите. Повеќе или помалку сите се исти, Но цената е преголема. Трошоците се преголеми и еден тим троши 8-9 милиони долари за менувачи – изјави мајк Крак од Астон Мартин. 

Но, според Крак, разговорите со ФИА сеуште се во тек. 

Разговараме со ФИА за некакви промени кај менувачите. Трошоците за менувачи на целиот падок се 100 милиони долари годишно. Дали е тоа потребно? Дали има потреба тие да бидат поедноставни?

Мислам дека листата е голема. Има повеќе делови кои може да се поефтинат, Но сепак треба да се направи здрав компромис за некои технологии.

Формула 1 диференцијалот е уникатен споредено со другите категории. Можеби треба да се стандардизираат до некаде, Не целосно. 

Фред Васур од Ферари се согласи дека треба да се намалат трошоците за менувачите, но додаде дека тимовите веќе се под лимитиран буџет. 

Правилата за менувачите и некои други работи мора да се поедностават, Но имаме лимитиран буџет и не може да се игра на двете страни. Лимитот е за сите и јас сум задоволен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ