Ф1 зачудена од интересот за новите мотори

Либерти Медиа е охрабрена од интересот на производители за учество во Формула 1 откако ќе се донесат новите правила за моторите во 2026 година. 

Формула 1 ќе користи В6 турбо хибрид мотори до 2025 година пред да претрпи големи измени. Мерцедес, Ферари и Рено се во Формула 1 од почетокот на турбо хибрид ерата, а во 2015 година се приклучи и Хонда која ќе си замине од спортот по крајот на 2021 година.

Главниот извршен директор на спортот, Чејс Кери, не е загрижен околу заминувањето на Хонда бидејќи има доста заинтересирани производители. 

Од моја перспектива, има доста предизвици за целата авто индустрија. Мислам дека Хонда веќе има проблеми со тие предизвици. Мислам дека тоа е главниот проблем.

Нема збор дека главна е економијата, но Хонда дефинитивно го почувствува притисокот и мораше да донесе одлука. Но ние имаме поголема подршка и ќе дојдат повеќе производители во спортот – најави кери.

Формула 1 очекува и голема промена кај горивата како додатен хибриден елемент иако целосна електрификација нема да се случи бидејќи има посебен ексклузивен договор меѓу Формула Е и ФИА. 

Мислам дека многу ентузијастички се расположени за нашата одржлива иднина и следната генерација на мотори. Како што објавуваме податоци за наредната генерација на мотори и нашата иднина се зголемува подршката и интересот од нашите партнери и важноста за иднината. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ