Формула 1 го објави календарот

Формула 1 го објави провизорниот календар за 2021 година на кој има 22 трки, но и еден априлски датум за кој треба да се реши како ќе се пополни.

Како што претходно најавивме, Големата награда на Виетнам нема да има место во следниот календар, така што датумот во Април потврден за неа сеуште не е пополнет.

Сезоната од 23 трки почнува во Мелбурн на 21 Март, а потоа следуваат Бахреин и Кина, по што се доаѓа до празниот период предвиден за Виетнам. Од 9 Мај сезоната се сели во Европа преку Шпанија, кои сеуште немаат потпишано официјален договор за организација.

Најголем дел од Август е предвиден за летен одмор и задолжителна пауза, а враќањето како по обичај е на Спа во Белгија, но потоа не следува Монца, туку Холандија.

Бразилското Гранд При е предвидено за средината на Ноември, иако сеуште организацијата нема официјален договор. Саудиска Арабија и трката низ улиците на Џеда е сместена на претпоследно место.

Главниот извршен директор, Чејс Кери, се надева дека и покрај пандемиајта настаните ќе бидат нормални, а на трките ќе има данови.

задоволн сме што можеме да го објавиме провизорниот календар за следната година по темелни договори со нашите промотери, екипите и фиа.

палнираме следната сезона на фановите да им донесеме колку што можеме повообичаена сезона и очекуваме потпишаните договор ида се испочитуваат. докажавме дека можеме безбедно да патуваме и да се тркаме, а вирусот да биде менаџиран.

многу домаќини сакаат и се нетрпеливи на трките за да покажат и докажат дека светот напредува и се движи.

пресреќни сме што ќе  посакаме добредојде и на саудиска арабија како и на патеките кои требаше да имаат промоција минатата година.

сакаме да им се заблагодариме на сите промотери и партнери за ентузијазмот и соработката – изјави кери.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ