Кери размислува за ротирачки календар од 24 трки

Главниот извршен директор на Формула 1, Чејс Кери, веи дека спортот цели на календар од 24 трки во следните неколку години со некои насани кои ротираат помеѓу себе и си ги менуваат местата.

Следната година Формула 1 ќе го има најгломазниот календар во историјата со дури 23 трки, иако Големата награда на Виетнам сеуште “виси. Сите вклучени во серијата сметаат дека 23 трки е апсолутниот максимум, но планот на Кери вели дека има простор за уште еден настан.

по 2021 година продолжуваме да имаме одлично претчувство за локациите низ светот кои би организирале формула 1 трка. многу патеки кои годинава беа домаќини изразија инетрес за нови трки, а има и такви кои сеуште не се пробале, а сакаат да дојдат во календарот.

очекуваме календарот да има 24 трки во следните пет години и веројатно ќе имаме некои трки кои ќе ротират за да можеме да ги вдомиме сите заинтересирание страни. но, ограничување на долгорочните партнерства е наш приоритет – најави кери.

Американецот смета дека и покрај големите предизвици кои ги носи со себе пандемијата, спортот ќе успее да организира рекорден број на ткри догодина.

не само што го одржавме силниот однос со нашите парнтери туку успеавме и да завршиме обновување на некои договори за следните години. планираме настани со публика следната година и колу што можеме понормални трки и почитување на договорните обврски.

размислуваме за враќање на падок клубот на настаните. имаме одлични планови за падок клубот кој недостасуваше годианва и очекуваме тој да придонесе во нашиот долгорочен раст.

докажавме дека можеме безбедно да патуваме и да се тркаме, а нашите промотери знаат како да менаџираат трки и во вакви тешки услови. всушност, многу домаќини ги користат нашите пастани за да покажат дека светот мора да се движи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ