Ф1 имала најсилен викенд на својот стриминг сервис

Според Рос Браун, оперативниот директор на Формула 1, Италијанското Гранд При имало многу позитивни страни со новиот спринт формат и тоа допринело за огромен успех на нивниот стриминг сервис. 

Формула 1 по втор пат го проба новиот спринт формат каде се извозе трка од 18 кругови, односно 100 километри, на која немаше мнгоу акција. Но сепак, на неделната трка имаше многу повеќе акција и двајцата ривали за титулата се судрија и ја завршија трката, додека Даниел Рикардо ја донесе првата победа за Мекларен по 9 години без триумф за портокаловиот тим. 

Ф1ТВ беше промовиран во 2018 година, но не беше овозможен за сите земји поради многуте договори на Формула 1 со телевизиите кои вршат преноси од трките. Сеуште нема прецизни бројки и точни метрики врз кои се потпира Браун. 

Имаше многу коментари за спринтот кој по втор пат се возеше. Моето мислење е дека има доста позитивни коментари. Го размрда редот и донесе поинаков грид и различна динамика на трката.

Трката беше одлична. Важно е дека спринтот допринесе за целиот настан и се доби поинаков ред – вели рос.

Третиот спринт е договорн за во Бразил каде ќе треба да се направи целосна евалуација за потенцијални промени во 2022 година. 

Формула 1 беше доволно храбра да го почне овој експеримент и да го проба овој формат. Да не заборавиме дека Формула 1 не е променета многу долго. Мислам дека има уште многу да се понуди. Ќе направиме анализа за како да продолжиме напред. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ