Ф1 планира промени на болидите за 2026та

Се чини дека во 2026 година, болидите ќе изгледаат доста различно. Николас Томбазис објасни дека тие ќе бидат пократки и полесни. 

Во склад со развојот на технологијата во спортот, Томбазис верува дека е можно да се намали тежината во 2026 година. 

Реално е да бидат полесни. Мора да се спореди со тежината од 2000 година до сега бидејќи тие се потешки за 200 килограми. 

Томбазис верува дека има области кои се предизвикувачки за намалување на тежината како моторот и безбедностите делови но сепак има шанси за промени. 

Има некои 15 до 20 килограми на комплексните системи и околу 30 до 35 килограми во димензиите на болидот. Тие се подолги и пошироки со поголеми гуми. Сакаме новите болиди да се пократки и потесни и да ја намалиме тежината. 

Сегашната минимална тежина на болидите е 798 килограми а таа ќе се намали на 796 наредната сезона. 

Пред 20 години болидите беа тешки помалку од 600 килограми. 

Но се чини дека тежината на моторот ќе се зголеми. 

Батеријата треба да има поголем капацитет и се чини дека тоа ќе додаде тежина. Се надеваме дека нема да е голема разликата. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ