Ф1 презадоволна од промоцијата на Лас Вегас

Формула 1 и Либерти Медиа прекршија историско правило за Гранд При трката во Лас Вегас откако решија сами да ја промовираат трката, нешто што никогаш не го прават.

Трка на познатиот Стрип во Невада пред сите хотели ќе ја означи првата трка каде Формула 1 и Либерти Медиа се решија сами да ја работат промоцијата наместо локална компанија, нешто што “дебело“ го наплатуваат, но промотерот има огромни приходи.

Стефано Доменикали посочи дека таков експеримент може да се практикува и во иднина ако се покаже како успешен. Но, како работа која е нова за нив, тие имале многу прашања до промотерите кои со години го работат тоа, а купија и огромно земјиште крај патеката на кое треба да се конструира падокот.

Оперативниот шеф на Силверстон, Стјуарт Прингл, откри дека работењето во Лас Вегас било огромен предизвик за Формула 1.

мислам дека на формула 1 буквално и се отворија очите во однос на тоа што значи да се организира настан, тоа го знам. во однос на прашањата кои ги имаме од нивнито промотерски тим, имаат голема листа. не велам дека традиционалните промотери ќе останат без работа по ова, но тие едноставно открија нешто ново – изјави прингл за Autosport.

Сепак, во моментов Ф1 и американците од Либерти се целосно насочени и посветени да создадат безгрешен настан и проади тоа мора да внимаваат на сите детали

фантастично е да се види како приоѓаат на проблемите и како ги решаваат. ќе биде неверојатен спектакл кој посакувам да биде целосен успех.

ни треба здрава тркачка серија, ни треба секоја трка да биде колку што може подобра, тоа е од корист за сите нас. она што како промотери не ни треба е здодевна тркачка серија која губи фанови.

признавам дека американците работат спорт и забава подобро од нас во европа, но само затоа што ние во силверстон го правиме ова 73 години не значи дека знаеме се.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ