Прингл: Немавме самодоверба пред доаѓањето Либерти

По купувањето на Формула 1 од страна на американски Либерти Медиа, беше објавена анкета за сите фанови кои присуствуваат на трките, а настанот во Британија беше на врвот на изборот на фановите. 

Помеѓу 2014 и 2021 година беше забележана рекордна публика која се движеше од 340,000 до 356,000 фанови, но минатата година имаше 401,000. Според анкетата, една третина од гледачите повторно би се вратиле на трибините. 

На Силверстон се одржува трката долги години. Порано ни недостасуваше самодоверба, Не ценевме колку сме добри и колку лојални навивачи имаме, Но Либерти ни помогна да сфатиме кои сме и што сме – изјави Стјуард Прингл, кој е оперативен шеф на Силверстон. 

Поради тоа што не може да влијае на самато тркање оваа сезона, Силверстон ќе прави концерт со Калвин Харис и Блек Ајд Пис. 

Единствено што може да контролираме е главната сцена, а Се друго е Формула 1. Поради тоа се распродаде и трката пред да почне сезоната. Наредната година ќе има поголем удел доминацијата на Ред Бул, Но сакаме интересна сезона. Се ова ни влева сигурност. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ