Ф1 сака подобар ТВ договор во Америка

Формула 1 го врти фокусот кон лукративните и богати телевизиски договори каков што доликува за Соединетите Американски Држави откако добија три трки за следната година.

Стефано Доменикали не пропушта да каже дека Америка е огромен фокус за спортот, Лас Вегас ќе донесе трета трка догодина во Ноември откако во Мај премиера ќе доживее Мајами, а Остин традиционално ќе остане во календарот.

веруваме дека формула 1 едноставно припаѓа на соединетите американски држави. сакаме да го направиме американскиот пазар многу важен за овој спорт – потенцира италијанецот.

Комерцијалните права за спортот ги поседува американската компанија Либерти Медиа чиј шеф инсистира дека американски возач ќе биде клучно за иднината на спортот “преку барата“. Доменикали пак смета дека исто толку важно како домашен возач е и комерцијалното гледиште односно подобар телевизиски договор одошто оној кој во моментов го има ЕСПН, телевизија поседувана од Дизни/

годинава сме ан еспн, а за следната година ќе бараме нов партнер за пренос. интересот е многу голем. еспн имаат многу добар договор затоа што имаме огромен раст во популарноста, а тие може и имаат шанса да го искористат сето тоа – изјави мафеи за CNBC.

Тој е сигурен дека следниот договор за пренос со некоја американска телевизија ќе донесе многу повеќе финансии во Формула 1.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ