Ф1 со поразителна статистика од Мајами

Иако Формула 1 има голема експанзија во Соединетите Американски Држави, сепак, на последната трка во Мајами, бројките се пониски од претходно. 

Со додавањето на трета трка во Америка и тоа во Лас Вегас, многумина сметаат дека спортот може да се носи со Наскар и Индикар. Но, трката во Мајами ја гледале 1.64 милиони гледачи на АБЦ и 1,96 милион на ЕСПН. Минатата година трката ја гледаа 2.58 милиони гледачи на ЕСПН. Падот е загрижувачки иако се работеше многу на промоција на истата. 

Проблемот можеби е тоа што иако во падокот имало многу ѕвезди, сепак забавата не била на ниво. Природата на патеката не овозможува престасување и со новиот асфалт работите се отежнаа. Брзината на правиците на Ред Бул е неспоредлива со останатите кои беа заглавени во ДРС воз. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ