Ф1 со Drive It Out иницијатива против лошите фанови и злоупотребите на Интернет

Формула 1 започна нова Drive It Out инцијатива во борба против лошите фанови на спортот и злупотреите преку социјалните медиуми, а иницијативата е поддржана и од ФИА и сите 10 екипи од гридот.

Ова доаѓа по хомофобичните коментари и злоупотреби на некои фанови за време на Австриското Гранд При месецов, нешто што беше осудено од многумина на гридот. Новата иницијатива беше промовирана од шефот на спортот, Стефано Доменикали како и првиот човек на ФИА, Мохамед Бен Сулајем.

формула 1 има за цел конкурентност и ривалитет, но со голема доза на почит. почиита како конкуренти, кон фановите и кон целото формула 1 семејство. било каква злоупотреба не е прифатлива и дозволена и ако немате почит, тогаш не ви е место во нашиот спорт.

не смееме да дозволиме оние кои злоупотребуваат да се извлечат со тоа, имаме должност да го прекинеме тоа. мораме да делуваме како заедница за да блокираме такви проццеси и нема да дозволиме никакв злоупотреба на нашите трки, како и на социјалните медиуми.

оние кои се кријат позади социјалните медиумите и злоупотребуваат без почит не се наши фанови. обединети се да го извозиме и овој дело од спортот заедно – гласи заедничкото соопштение на доменикали и бен сулајем.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ