Ф1: Три трки во Америка не се проблем

Стефано Доменикали уверува дека со додавањето на третата трка во Америка нема да се намали пазарот и дека тоа всушност е додадена вредност за сите. 

Во текот на минатата недела беше официјално потврдено дека Лас Вегас ќе се приклучи на календарот од наредната година. Организаторите и Формула 1 потпишаа тригодишен договор за трка која ќе се вози во Сабота навечер и ќе биде трета во Америка покрај Мајами и Остин. Тоа значи дека во Америка ќе има повеќе трки од било која друга држава и сите трки ќе бидат во различна временска зона. 

Нема потреба од страв затоа што Ова е додадена вредност за сите. Убавината е во растотот на спортот е да се стигне до младата публика која е возбудена.

Сите очи се вперени кон младите возачи. Има шанса за размена на социјалните мрежи кои го промовираат спортот. Мислам дека тоа е одлично за развој на спортот – смета доменикали.

Извршниот директор е уверен дека трите трки нема да си сметаат. 

Формула 1 е глобален спорт. Публиката во Мајами е глобална, во Остин исто така и во Вегас. Не е само американска публика. 

Минатата година во Остин имаше рекордна публика и беше потпишан нов 10-годишен договор. Доменикали го објасни растот во Америка. 

Пред три години беше тешко да се наполни една трка, Но сега имаме различна ситуација каде се е распродадено. Америка има потреба од Формула 1 и Тоа е голема можност. Фокурисани сме на најважните пазари, но не ја забораваме Европа. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ