Ф1 челниците гневни на коментариte на Бен Сулајем

Претседателот на ФИА, Мохамед Бен Сулајем, беше обвинет од челниците на Формула 1 за мешање во комерцијалните права на спортот со неговите коментари дека проценката од 20 милијарди долари е надуена.

Бен Сулајем во понеделникот се огласи на социјалните мрежи за да ја изрази својата загриженост за импликациите на претераната цена која наводно саудискиот државен фонд ПИФ ја понудил за Формула 1.

Во пресрет на извештајот на Блумберг дека суверениот фонд на Саудиска Арабија поднел понуда од 20 милијарди долари за Формула 1, но без интерес од сопственикот Либерти Медиа, Бен Сулајем рече дека е загрижен за потенцијалните последици од споделувањето на таквите бројки. Конкретно, тој смета дека без валиден план од страна на какви било нови сопственици за подобрување на Ф1, постои ризик дека преземањето може да предизвика огромно зголемување на давачките за одржување на трки, што потоа ќе доведе до зголемување на цените на билетите.

Како чувари на мотоспортот, ФИА, како непрофитна организација, е претпазлива во врска со наводните надуени цени од 20 милијарди долари што се ставаат на Формула 1 – напиша тој.

Секој потенцијален купувач се советува да примени здрав разум, да го земе предвид поголемото добро на спортот и да дојде со јасен, одржлив план, не само со многу пари.

Наша должност е да размислиме какво ќе биде идното влијание за промотерите во однос на зголемените такси за одржување и други комерцијални трошоци, како и секое негативно влијание што тоа би можело да го има врз фановите.

Но, коментарите на Бен Суајем не поминаа добро кај Либерти Медиа, кои формално ја изразија својата навреденост поради ова прашање. Во писмото испратено во вторникот од правниот оддел на Ф1 до Бен Сулајем, кое исто така беше доставено до тимовите, се изразува вознемиреност од начинот на кој забелешките се мешаат во територијата на комерцијалните права на Ф1.

Како дел од оригиналниот договор, договорен од поранешниот претседател на ФИА, Макс Мозли во 2000 година, да ги закупи правата на Ф1 за повеќе од 100 години, раководното тело се согласи да не се вклучува во никакви комерцијални прашања и наместо тоа ќе биде вклучено само во регулаторни прашања. Во писмото на Ф1 се тврди дека, давајќи коментари за вредноста на спортот, Бен Сулајем ја надминал границата. Во писмото се наведува:

ФИА даде недвосмислени обврски дека нема да направи ништо за да ја наруши сопственоста, управувањето и/или искористувањето на тие права.

Сметаме дека тие коментари, дадени од официјалниот профил на социјалните мрежи на претседателот на ФИА, се мешаат во тие права на неприфатлив начин.

Сериозниот тон со која Формула 1 го третираше ова прашање, исто така беше разјаснет кога во писмото се сугерира дека ФИА може да биде одговорна ако се открие дека коментарите предизвикале каква било штета на акционерите и инвеститорите во спортот. Самата Ф1 не даде никаква официјална изјава за ова прашање, додека ФИА одби да коментира.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ