Ф1 ќе го објави првичниот календар месецов

Првичниот Формула 1 календар за следната година ќе биде објавен овој месец, откри Главниот извршен директор на Австралиското Гранд При.

Многу делови во светот сеуште се силно погодени од Ковид-19 пандемијата, а каде ќе почне следната сезона сеуште не е целосно јасно. Ендру Вестакот, првиот човек на трката во Мелбурн, тврди дека тркачката серија е подготвена да го објави календарот.

нашите дискусии со формула 1 и со дорна се редовни и многу позитивни во сите аспекти. тоа што го знам е дека двете серии сакаат својо првичен календар да го објават кон средината и крајот на овој месец. тоа значи дека формула 1 ќе почне во малбурн кон средината на март согхласно првичниот календар – најави вестакот.

Австралиското Гранд При е отварање на сезоната од 2011 година, а намерата е да биде така и следната сезона, така што Вестакот смета дека треба многу скоро да имаат план за се. Понатаму, тој смета дека Алберт Парк треба да организира трка во екот на погодена економија, а ново откажување не може да се дозволи.

гранд при корпорацијата, владата и формула 1 мора да донесат одлука до божиќ. штом провизорниот календар биде објавен нема да помине повеќе од еден месец пред истиот да биде финален согласно колективна одлука и потврда, но штом се потврди ние сме обврзани на него затоа што во ничиј интерес не е да се откаже настанот во март.

мораме да им веруваме на туристичките оператори и промотерите за да ја рестартираме економијата и да придонесеме за заживување, а тоа мора да се стори до март.

ако околностите се променат, тогаш мораме да бидеме флексибилни, но за сега сме фиксни согласно првичниот календар за во март.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ