Хаас го бранат Мазепин од нападите на Џереми Кларксон

Екипата на Хаас застана во одбрана на својот возач Никита Мазепин откако русинот беше мета на критики и навреди од страна на контроверзниот британски водител, Џереми Кларксон преку Твитер.

Местото на Никита на гридот е под знак прашалник по инвазијата на неговата родна земја над Украина по што и Хаас го преиспитуваа својот комерцијален договор со Уралкали, компанијата на татко му на Никита. Формула 1 веќе потврди дека трка во Русија нема да се вози годинава, а многу скоро по таа одлука, Мазепин изрази надеж дека трка во Сочи ќе има и дека нема потреба да се мешаат политиката и спортот.

никита мазепин. е***o рета***н. оди тркај си се сам со себе во русија и пак ќе изгубиш – напиша кларксон како и секогаш без влакна на јазикот.

Гунтер Стаинер, шефот на тимот, беше запрашан да одговори на овие навреди кон својот возач на што изјави:

чув за твитот од џереми кларксон, можеби го напишал во некој излив на бес затоа што беше многу безобразен и директен. најдобро е да не го анализираме многу затоа што нема врска со овој спорт. се надевам дека нема да влијае над никита и дека тој со крената глава ќе продолжи да си ја работи својата работа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ