Хаас и Рич Енерџи ќе се договорат до крајот на летото

Шефот на Хаас, Гунтер Стаинер изјави несигурноста околу нивниот главен спонзор, компанијата за производство на енергетски пијалоци, Рич Енерџи, ќе биде решена за време на летната пауза.

Викендот во Британија, Рич Енерџи објавија дека го раскинуваат договорот со Хаас поради лоши перформанси на екипата, но подоцна го отстранија извршниот директор и го сменија името на компанијата во Лајтнинг Волт.

Овој викенд останува брендот на болидот на Хаас, а најверојатно тоа ќе биде и во Унгарија, последната трка пред летната пауза.

Хаас побараа 35 милиони фунти за раскинување на договорот, но сеуште не се знае што ќе се случи. Стаинер сака одговори што побрзо.

Сеуште сме каде што бевме. Тоа значи дека сеуште сакаме да видиме како ќе продолжиме. Не знам што се случува внатре во компанијата, но не би сакал да знам. Тоа не е наша работа.

Само можам да кажам дека очекуваме одговор за време на летната пауза. Има краен рок и се е во рацете на адвокатите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ