Хаас сакаат да бидат независни од Ферари

Тимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинер, најави дека неговата екипа ќе постигне поголема независност од Ферари во години кои следуваат.

Во моментов малата американска екипа има своја база во САД и во Британија, а најголем дел од тимот е сместен во фабрика во Маанело, буквално залепен до сланиот објект на Ферари. Но, Гунтер најави дека пандемијата ги натерала да размислуваат на поголема независност од својот партнер.

можеме самите да го развиваме менувачот, суспензијата и да стекнеме поголема независност. првично размислувавме на тоа во 2018 година и дури имавме подготвено план. треба да ја стигнеме таа цел за неколку години, но во 2020 година се случи пандемијата и ни го стагнираше планот.

моравме да се насочиме и да размислуваме како да ја преживееме ситуацијата наместо да се осамостоеиме. тогаш, немаше никакво време за автономија. сега повторно размислуваме како да бидеме независни и да видие како ќе се одвива тоа, но мислам дека за три години ќе биде можно – објасни гунтер.

Шефот на екипата посочи дека Хаас немаат план како Андрети да бидат доминантно американски тим во однос на местоположбата, но и дека го немаат капацитетот и богатството на екипите како Мерцедес кои го ротираат персоналот за време на трките.

најсилните екипи се многу богати и може да си дозволат да ротираат персонал на трките затоа што имаат многу луѓе. лично јас сакам многу да доаѓам на трките, тоа ми е омилен дел од работата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ