Хаас се возбудени за надградбите

Кевин Магнусен имаше одлични перфоманси со сеуште ненадградениот болид на Хаас, но е возбуден за тоа што следува откако ќе се подобри болидот. 

Американскиот тим е единствен кој сеуште нема донесено надградби на болидот и се очекува да пристигнат во Унгарија. Тимот имаше неколку силни квалификации и топ 10 завршници што се голем успех за ситуацијата во која се наоѓаат. 

Мислам дека е доста импресивно со болидот. Тимот наоѓа брзина и без надградби и среќен сум за тоа. Секако би било подобро кога ќе имаме надградби и возбуден сум за тоа. Се надевам на успешен викенд.

Направивме напредок од Т1 до Т2 со мали промени. Се надевам дека ќе продолжиме и во Т3 и на квалификациите – посака данецот.

Од другата страна на гаражата кај Мик Шумахер денот не заврши така добро. Тој смета дека управувањето му се влошило и ги уништил гумите кај двојната десна кривина.

Понекогаш се обидуваш да одиш до лимитот и влегуваш со повеќе брзина, но сфаќаш дека било премногу. Штета е бидејќи ни недостасуваат гуми за долги серии и мора да се обидуваме.

Болидот беше добар на првиот тренинг, но се промени на вториот и мора да видиме што се случило за да не се повтори ова. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ