Хаас со жалба по загубениот подиум

Хаас Ф1 се жали за резултатот од Големата награда на Австралија на кој ќе можеше да го добие првиот подиум оваа сезона.

По второто црвено знаме предизвикано од сударот во ограда и отпаѓањето на тркалото на Кевин Магнусен, имаше црвено знаме нов рестарт на трката гридот, а следуваа нови инциденти  поради што се појави уште едно црвено знаме во кое Нико Хулкенберг беше на четврта позиција.

Но, ФИА одлучија да ја рестартираат трката за последен пат на круг пред крајот со редоследот од претходниот старт од место и со тоа Нико Хулкенберг “падна“ на осма позиција, но на крајот заврши на седмо место казната за Саинз.

Доколку се задржеше поредокот, Хулкенберг ќе беше на подиум што ќе беше негов прв и прв за Хаас сезонава.

Беше лудо и хаотично. По се што се случи не знам како да гледам на работите. Имав добар старт на софт по трет пат и дојдов до четврта позиција и штета што трката беше прекината – изјави Хулкенберг

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ