Хаас се нудат да му дадат петочна сесија на Шумахер

Гунтер Стаинер нема ништо против да му довери петочна тренинг сесија на Мик Шумахер, ако тоа е во ред со Ферари.

Иако германецот се поврзува со возачко место во Алфа Ромео следната година, американски Хаас нема ништо против да помогне во развојот на талентираниот Шумахер. Мик во моментов е водечки во Формула 2 шампионатот, но Калум Илот и Роберт Шварцман, обајцата јуниори на Ферари, се веднаш ад него.

може да пробаме некој јуниор на ферари за време на петочна сесија, но тоа е нешто за кое ферари треба да одлучи, а доколку побараат помош од нас, ќе им помогнеме.

тие многу ни помагаат годинава со ковид пандемијата, така што и ние сме подготвен да направиме се што им е потребно. ако побараат нешто од нас, ќе разговараме – најави гунтер стаинер, шефот на хаас.

Шпекулациите се дека Алфа Ромео ќе го добие Мик а цела година следната сезона, а не американски Хаас кои можеби први ќе му дадат шанса на младиот возач.

многу сум задоволен со тоа како се одвива оваа сезона за мик во формула 2. негов главен фокус мора да остане таа серија и освојување на титулата, на тоа треба да се концентрира.

мик има одлична можност, веројатно уште следната година да биде дел од формула 1 и треба само да го подготвиме соодветно – најави матиа биното.

Швајцарскиот инженер појасни дека се надева оти 21-годишниот ќе добие шанса аз неколку тренинг сесии уште оваа сезона.

ќе му дадеме можност на мик да се покаже и да вози на први петочни тренигн сесии, но уште нема ништо официјално и работиме на тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ