Хаас се фрустрирани што не освоиле поени

По двете последователни освојувања на поени, американски Хаас се вратија на земја и останаа без поени на Големата награда на Франција. 

Магнусен предвреме ја заврши трката откако имаше судар со Латифи додека Шумахер заврши на 15та позиција зад Жу Гаунју. Магнусен ја започна трката со грид казна поради нов мотор, но беше удрен од Латифи. 

Тој ме нападна од страна и ме исфрли од патеката. Имавме контакт и бев надвор, а МИслам дека доколку ми оставеше простор немаше да се случи тоа – посочи данецот.

Шумахер имаше контакт со Жу и се изврте кога се обиде да го престаса кинезот. 

Имав тежок старт на медиум гумите кои не работеа како што очекував. Знаев дека ќе биде тешко и морав порано да влезам во бокс. Штета е бидејќи имаше и безбедносно возило, но бевме преназад. По контактот со Жу се беше потешко. Научивме доста и се надевам на подобар викенд во Будимпешта. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ