Хакинен: Муџело покажа дека возачите имаат уште за учење

Мика Хакинен смета дека Формула 1 возачите сеуште имаат многу за учење по трката исполнета со инциденти на Муџело за Тосканското Гранд При.

Во неговата последна колумна, двократниот шампион го сподели следното мислење:

Гледајќи кон инцидентите на стартот од трката, мислам дека тоа покажа колку возачите уште имаат за учење кога ќе пристигнат на нова патека. Муџело создаде уникатен предизвик бидејќи е многу брза, но и тесна патека. Со само едно место за претекнување, возачите се обидуваа да се постават себеси што подобро, а три до четири болиди се бореа за истиот дел од патеката.

Првиот инцидент беше нормален, премногу болиди блиску еден до друг помеѓу два свиока. Вториот инцидент, кој го доведе првото црвено знаме, беше многу поопасен. Повеќе болиди се движеа со различна брзина. Снимките покажаа колку тешко е за возачите да се избегнат. Беше еден од поголемите инциденти во пониските серии, не Формула 1.

Сударот на Ленс Строл беше загрижувачки бидејќи болидот претрпе откажување како резултат на ивиците. Тоа не е добро искуство, кога возачот е само патник и нема што да направи освен да се подготви за удар.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ